Нова фабрика на „Витек Македонија“ во Бунарџик

Bez autora
Oct 08 2013

Вчера во индустриската зона Бунарџик кај Скопје беше поставен камен-темелник на новата фабрика на италијанската компанија „Текнохозе“, која во нашата држава ја има формирано фирмата „Витек Македонија“. Ова ќе биде втора фабрика на италијанскиот инвеститор во оваа индустриска зона, откако пред една година овде беше предаден во работа погонот за производство на армирани хидраулични црева. На овој настан присуствуваше и премиерот Никола Груевски со неколкумина министри од неговата влада како и италијанскиот амбасадор Ернесто Масимино Белели. Во бизнисот можат да успеат само најдобрите и најснаодливите. ’Технокозе’ не само што изгради една фабрика во Македонија од 2.800 квадратни метри, туку сега ќе гради нов капацитет, кој ќе биде четирипати поголем од сегашниот.

Нова фабрика на „Витек Македонија“ во БунарџикВчера во индустриската зона Бунарџик кај Скопје беше поставен камен- темелник на новата фабрика на италијанската компанија „Текнохозе“, која во нашата држава ја има формирано фирмата „Витек Македонија“.

Ова ќе биде втора фабрика на италијанскиот инвеститор во оваа индустриска зона, откако пред една година овде беше предаден во работа погонот за производство на армирани хидраулични црева. На овој настан присуствуваше и премиерот Никола Груевски со неколкумина министри од неговата влада како и италијанскиот амбасадор Ернесто Масимино Белели.

„Во бизнисот можат да успеат само најдобрите и најснаодливите. ’Технокозе’ не само што изгради една фабрика во Македонија од 2.800 квадратни метри, туку сега ќе гради нов капацитет, кој ќе биде четирипати поголем од сегашниот. Италијанската компанија е меѓу странските компании која за најкусо време по отворањето на првата своја фабрика се одлучи на нова инвестиција во Македонија, иако тоа го имаат направено и ’Џонсон Мети’ и ’Џонсон контролс’, но на нив им требаа две години за донесување една таква одлука. Тој факт најдобро ја илустрира поволната бизнис-клима која ја создаде оваа Влада и која носи силна порака до многу други странски и домашни инвеститори“, порача премиерот Груевски. Тој напомна дека Република Македонија од странските инвеститори е забележана како интересна дестинација во што најголем удел имаат промоциите на нашите можности кои во светот ги прави Владата.

Алесандро Витило, сопственик на „Текнохозе“, рече дека одлуката да инвестира во нашата држава ја донеле пред пет години поради многубројните поволности кои ги нуди Владата, но и поради фактот дека Македонија има одлична стратешка позиција во однос на пазарите во развој. „Во новата фабрика инвестираме 11 милиони евра, неа ќе ја гради штипска „Актива“, која ја избравме поради фактот дека во оваа и во индустриската зона во Штип веќе има изградено големи фабрики на „Ван хол“ и „Џонсон контролс“. Фабриката треба да биде готова до крајот на идната година и во неа ќе има работа за нови 150 лица. Ние првпат реализираме инвестиција надвор од Италија и цениме дека при нашиот избор тоа да биде Македонија воопшто не сме погрешиле“, рече Витило.

Постојната фабрика на оваа италијанска компанија со успех работи веќе десет месеци, а заедно со новата ќе остварува дневно производство од 45.000 метри хидраулични армирани црева. Сопственикот Витило вели дека пазар за овој производ има, а во нивните планови е по извесно време да градат и трета фабрика во Бунарџик.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik